Триша Мазероу им овозможува на малите деца за момент да влезат во улога на славни личности и да се почувствуваат како вистински да чекорат на црвениот тепих. Креативната фотографка од Њујорк со помош на дечиња го пресоздава изгледот на славните на најзначајните холивудски манифестации.
Таа создаде мини-верзии од ѕвездите на овогодишните Златен глобус, Оскар и Греми. Меѓу дамите чии имитации беа направени се Џенифер Лопез, Лејди Гага, Тејлор Свифт, Селена Гомез, Џенифер Лоренс и Деми Ловато.