Некои луѓе едноставно имаат пари за фрлање. Анонимен бизнисмен од Малезија ќе стане сопственик на ултра луксузна јахта која чини неверојатни 3,4 милијарди евра.
Јахтата е изработена од 100 000 килограми злато и платина, а освен тоа, во спалната има ѕид „украсен“ со метеори и вистинска коска од диносаурус.
На Британецот Стјуарт Хјуз му биле потребни 3 години за да ја произведе јахтата, која веројатно е најскапата јахта некогаш направена.
Погледнете како изгледа скапоцената јахта, наречена „History Supreme“: