Наскоро оние со многу длабок џеб ќе можат да си купат пловечки остров. Според списанието за технологија и наука „Gizmag“, островот, кој всушност е ултра луксузна јахта, за првпат ќе биде претставен пред јавноста кон крајот на 2013 година.
Големиот „остров“ има сè што можете да посакате – комфорни спални соби, кино сала, мини барови, џакузи... Широк е повеќе од 20 метри, а долг околу 37 метри, што значи дека неговите сопственици ќе можат да уживаат на површина од околу 1000m2.
Се претпоставува дека основниот модел на уникатната јахта ќе чини околу 3,5 милиони евра, па ние можеме само да сонуваме и фантазираме.