Ники Гарсија секојдневно создава кулинарски волшепства, за да ги натера своите три деца да јадат здрава храна. Таа на прекрасен начин ги спојува својата креативност и љубовта кон уметноста со јапонската традиција на создавање „бенто кутии“. „Како и многу други мајки, едвај имам време за себе. Правењето „бенто“ ми овозможува да си дадам креативно време за себе. Што е најважно, моите деца имаат бенефиции од моите здрави уметнички креации од храна“ – вели Ники.
Две од децата на Гарсија биле многу пребирливи кога е во прашање храната, па таа постојано барала начини како да ги натера да се хранат здраво. „Наидов на прекрасни бенто кутии на социјалните мрежи, кои не само што изгледаа супер кул, туку и според описите, изгледаа вкусни и лесни за правење. За првпат моите деца изедоа сè без да протестираат“– додала талентираната Филипинка.
Целта на Ники е да инспирира што повеќе родители да експериментираат со храната и да ги изненадуваат децата. „Децата со нетрпение чекаат да ја отворат својата кутија со ручек, а јас сум пресреќна што можам да им подметнам зеленчук“ – објасни Ники.