Мили-Бел Дајмонд има само 14 месеци, а веќе заработува 250 долари за секоја фотографија на Instagram на која носи дизајнерска облека и модни додатоци.
Слаткото девојче, кое на Instagram го следат 150.000 лица, има плакар на кој дури и возрасните би позавиделе. Луј Витон, Барбери и Фенди се само дел од брендовите чии креации Мили-Бел ги промовира на фотографиите, а се подароци од модните куќи.
Сè започнало кога Дајмонд имала само два месеца. Нејзината мајка Шај Фокс ѝ направила профил на Instagram за нивните роднини да можат да го следат нејзиното растење. Но, сосема случајно во јули минатата година, фотографија на која синоокото бебенце носи панделка со леопардски принт била споделена стотици пати. Тоа бил клучниот момент кога Мили-Бел станала малечка Instagram ѕвезда. „Фотографијата се распространи ширум светот. И ден-денес ја споделуваат. Таа е најследеното бебе на Instagram кое е помало од две години“ – рекла Фокс.