Енди има само три години, а веќе е модна ѕвезда. Слаткото детенце кое стана сензација на Instagram, по потекло е од Косово, но сега живее со своите родители во Шведска.
Со својот неодолив изглед Енди привлекува сè повеќе и повеќе обожаватели, а неговиот стил на облекување само ги зголемува договорите со модните брендови.
Instagram профилот на кој мајката на Енди ги објавува фотографиите од малиот модел го следат 105.000 корисници на социјалната мрежа.