Русинката Татијана Орлеанскаја ќе ве освои со својот стил на облекување.
34-годишната дизајнерка и мајка на една ќерка, често споделува фотографии од своите модерни комбинации на Instagram, каде ја следат повеќе од 180 илјади лица. Татијана е основач на модниот бренд Tatiana V. Lyalina и во минатото има соработувано со повеќе руски дизајнерки.
Орлеанскаја честопати се облекува складно со својата 2-годишна ќерка Ева Лијанина.
Прошетајте со поглед низ највпечатливите стилски моменти на Татијана.