Една од најскапите куќи во САД оди на продажба за неверојатни 150 милиони долари.
Луксузниот семеен дом, кој се протега на површина од 6070m2, се претпоставува дека е во сопственост на принц од Саудиска Арабија, кој го купил пред десетина години за речиси 190 милиони долари.
Резиденцијата наликува на мало село од неколку градби и сите тие имаат прекрасен поглед. Куќата со простор од 3.700m2 вклучува 28 соби, спа центар, приватна просторија за масажа, големи базени, простор за скара, библиотека...
Модерниот изглед на домот во Лос Анџелес е дело на познатиот архитект Ричард Ландри.