Инспирирани од верувањето дека во секоја возрасна личност се крие љубопитно дете, Квентин Куртат и Кристијан Гирото направија креативен фото-проект наречен „L’ Enfant Extérieur“.
Возрасни модели биле фотографирани од Квентин, а потоа секоја фотографија била дигитално обработена од Кристијан за нивниот лик да биде целосно преобразен. Резултатот од нивната соработка се овие интересни фотографии кои на одличен начин ја доловуваат детската невиност и разиграност.