Има ли нешто послатко од мило куче и мало детенце? Виралниот елемент кој го кријат децата и животните повторно излезе на површина, па така фотографиите кои покажуваат силно пријателство помеѓу мало Јапонче и неговото куче станаа интернет сензација.
Аја Сакаи, мајка од Токио, секојдневно го овековечува пријателството на својот мал син Тасуку со францускиот булдог Муу. Слатките фотографии наидоа на илјадници фанови на социјалните мрежи.