На Весна Рикиќ од Босна и Херцеговина ѝ е потребна само разнобојна хартија за да создаде впечатливо уметничко дело.
Младата девојка од Мајевица уште од мали нозе започнала да се занимава со правење оригами, за подоцна да ја открие техниката наречена квилинг или хартиен филигран, со која се занимава во моментов. Квилинг е тип на уметност при која ленти од хартија се виткаат и оформуваат, а потоа се лепат за да се создаде декоративен дизајн.
Погледнете дел од највпечатливите дела на Весна: