Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Девојката „барбика“ си пронајде „Барби“ пријателка

ФОТО: Девојката „барбика“ си пронајде „Барби“ пријателка

Валерија Лукјанова се прослави низ целиот свет со својот несекојдневен изглед. Но, 21-годишната Украинка која е нарекувана и „живата барбика“ не е единствената девојка со куклен изглед.

Валерија и нејзината „Барби“ пријателка Доминика планираат заедно да го освојат светот. Двете девојки се запознале пред пет години, а сега планираат да се преселат во САД и да основаат свој бизнис.

Валерија и ДоминикаВалерија и Доминика

„Се запознавме на интернет пред пет години. Бевме љубопитни за сличностите меѓу нас. Имавме исти фризури, шминка и дури се облекувавме слично. Нашите пријатели беа сигурни дека сме сестри. Ние навистина сме сестри, но само на духовен начин. Имаме исти гледишта и начин на живот“ – изјавила Валерија.

Валерија и Доминика Валерија и Доминика Валерија и Доминика Валерија и Доминика

Валерија и Доминика, чие вистинско име е Олга Олејник, држат лекции за спиритуалност и за еден час заработуваат по 80 долари.

Валерија и Доминика Доминика Валерија и Доминика

„Планираме наскоро да се преселиме во Америка. Момчето на Доминика живее таму, а мојот сопруг планира да започне бизнис. Нема да ми биде здодевно во странство, често ме канат за фотосесии и забави“ – дополнила таа.

Кога за првпат се појавија фотографии од Валерија на интернет, многумина тврдеа дека се работи за Фотошоп. Но, очигледно нејзиниот изглед е резултат на вешто нанесена шминка, контактни леќи и по некоја операција (таа тврди дека направила пластична операција само на градите). Погледнете како изгледа Валерија во емисија во живо:

А еве еден од нејзините мејкап туторијали:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.