Фотографиите на Карл Варнер тешко можат да остават некого рамнодушен. Неповторливиот британски фотограф создава феноменални пејзажи и предмети единствено од храна, а потоа ги овековечува со својот апарат.
45-годишниот Карл дефинитивно ги заслужува сите пофалби, затоа што за да се создаде едно вакво дело не се потребни само труд и работа, туку и многу фантазија и трпение.
Првото дело тој го создал пред 10 години, а оттогаш неговата колекција постојано се зголемува. Најинтересните уметнички творби на Карл се дел од новата книга „Carl Warner's Food Landscapes“. Погледнете некои од нив.