Сè уште постојат добри луѓе кои го прават светот подобро место за живеење, а Ентони Симерис е жив доказ. 82-годишниот бербер секоја среда стриже бездомници во локален парк во Хартфорд, Конектикат, а за услугата наплаќа големи прегратки.
Пензионираниот старец, познат како Џо Берберот, започнал да ги нуди своите бесплатни услуги пред 25 години, кога ја прекинал својата кариера. На почетокот ги стрижел само најблиските, но откако слушнал инспиративна црковна проповед за бездомниците, одлучил да им помага на понесреќните лица.
„Навистина ова е љубов. Ги сакам овие момци“ – изјавил тој.