Тим Шеј е поранешен зависник од дрога чиј живот комплетно се промени благодарение на напредната технологија. 70-годишниот маж, кој долги години бил бездомник, сега ја доби честа да започне да живее во 3D печатена куќа во Остин, Тексас.
„Никогаш не можев да замислам дека еден ден ќе живеам во вакво прекрасно место. Се надевам дека ќе останам тука до моите последни денови“ – изјавил Тим.
Тој додал дека поради минатиот начин на живот, честопати чувствувал потреба да се крие од светот. „Од лично искуство, од мојот претходен животен стил, сметам дека развив заштитна школка. Не се чувствував безбедно и секојпат кога ќе имав можност, се криев и се изолирав. Никогаш не сакав да комуницирам со луѓе“ – вели Тим.
Благодарение на компанијата „Icon“ досега се направени шест вакви куќи.
Извршниот директор на компанијата, Џејсон Балард, изјавил дека мисијата им е да „направат достоинствено домување достапно за сите, секаде“. За печатење на една куќа потребни се 48 часа.