„Киселите“ фаци на мали деца кои вкусуваат лимон за првпат изгледаат особено слатко. Фотографите Ејприл Мациборка и Дејвид Вајл создадоа интересна серија портрети на деца кои искажуваат различни емоции по смукањето на парчиња лимон.
„Лимоните можат да бидат одличен извор на забава, особено кога им даваш на бебиња можност да го вкусат за првпат“ – со овие зборови фотографите ја опишале серијата фотографии.