Кејла Ицинес е еден од најпопуларните фитнес тренери на светот, а нејзините програми за вежбање ги следат милиони лица. Во моментов 27-годишната Австралијка е во 24. недела од бременоста и продолжува да вежба со модифицирани вежби кои се безбедни за трудници.
И покрај модификациите и намалувањето на тежината со која вежба, Кејла и понатаму добива коментари дека му наштетува на нејзиното неродено бебе и дека вежбањето со тегови во бременоста е забрането.
За да ги побие сите митови и неточни тврдења поврзани со вежбањето во бременоста, Кејла возврати со текст на Instagram.
Ги читав коментарите на моето последно видео со вежби.
Прво, сакам да ви се заблагодарам на сите дами за вашата поддршка, неверојатна е.
За дамите кои пишуваат коментари како „Не е дозволено да креваш тегови додека си бремена“ или „Дали е тоа безбедно??“, сакам да ви доловам нешто. Теговите кои ги кревам ретко надминуваат 5 килограми по рака. Сакам да го имате тоа на ум додека ја читате следната приказна...
Вчера, отидов на гости кај моја пријателка, која штотуку заврши со чистење со правосмукалка и бришење на подот. Таа е во напредна бременост. Ја гледав како го крева нејзиното 2-годишно дете и како игриво го крена 5-6 пати над главата додека се смееја заедно. Потоа, таа го постави нејзиното 2-годишно дете на стомакот додека одевме до автомобилот. Го стави нејзиното дете во автомобилот, како и детската количка (која мораше да ја собере и да ја подигне за да ја стави внатре) ПЛУС имаше уште две други кеси. Потоа возеше до кафуле, ја извади количката од автомобилот, ја отвори, ги зеде двете кеси од автомобилот и нејзиното дете и отиде на појадок.
Никому ни око не му трепна, никој не рече ништо, никој не ѝ помогна. Ја прашав многупати дали може да ѝ помогнам, но таа ми рече: „Душо, го правам ова СЕКОЈ ДЕН, не ми треба помош хахаха“.
Дами, мојата поента е дека безбедното вежбање во текот на бременоста е нешто прекрасно. Јас сум физички активна целиот мој живот. Сè додека имате дозвола од вашиот доктор, МОЖЕТЕ да вежбате и можете да користите тегови. Само затоа што сум во фитнес сала по краток горен дел и кратки панталони, не значи дека е помалку безбедно да кревам нешто.
Не кревам тешки тегови, всушност ја намалив тежината на ПОЛОВИНА од онаа која ја користам вообичаено.
За мајките кои имаат деца... Вие први ќе се согласите дека има МНОГУ нешта кои се потешки од 5 килограми во вашиот дом кои ги кревате или поместувате секојдневно (вклучително и вашите деца). Па, еве одговор на вашите прашања во видеото...
Не, теговите не се претешки, всушност чувствувам дека се прелесни за мене. Не, не му наштетувам на моето бебе. Не, мојот пулс не е над 150 и ДА, можете да користите тегови во бременоста.
Дами, потребно е само да ги следите вежбите кои се безбедни во текот на бременоста (ги објавувам на мојата страница) и прво морате да добиете дозвола од вашиот доктор.
Еве некои од нејзините видеа со вежби безбедни за трудници. Но, се разбира, пред да започнете да ги практикувате, треба да побарате дозвола од вашиот доктор:
Кејла и нејзиниот сакан Тоби Пирс очекуваат девојче, кое треба да се роди во мај годинава.