Почетна » Новости » Занимливости » Фит трудница со српско потекло вежба со големи тегови и во 8. месец од бременоста

Фит трудница со српско потекло вежба со големи тегови и во 8. месец од бременоста

Јања Милутиновиќ привлекува огромно внимание поради решителноста и упорноста да вежба и покрај тоа што е во поодмината бременост.

34-годишната фитнес ентузијастка е во 34-тата недела од бременоста, но тоа не ја спречува да крева тегови тешки над 140 килограми.

Јања вежба долги години и е во одлична физичка форма, па немало никаква причина за да ги прекине своите тренинзи во текот на бременоста. Напротив, како што вели таа, тие дури ѝ помагале.

„Вежбам во бременоста затоа што прави да се чувствувам добро, затоа што ми помага да ги спречам телесните болки предизвикани од бременоста, бидејќи се чувствувам поенергично, бидејќи ми дава мир и смиреност, ме прави подобра мајка и подобар партнер“ – пишува таа.

Милутиновиќ живее во Њујорк, а израснала во Шведска со својот самохран татко кој по потекло е од Србија.

Српското списание „Блиц“ ја нарекува „Српска кралица на фитнесот“.

Јања тренирала фудбал уште од 4-годишна возраст, а на 10 години започнала да тренира и карате.

Јања во минатото имала насилен сопруг и отворено зборува за насилството врз жените. „Бившиот партнер ме давеше во кадата додека по мене течеше ладна вода. Ме удираше кога и да посакаше, ме туркаше со главата во храната или во ѕидот, што и да му беше во близина“ – изјавила таа во интервју.

Токму во фитнес сала Јања се запознала со сегашниот сопруг Рајзел Мартинез. Тие заедно имаат ќеркичка, а наскоро ќе им се роди и второто дете.

Со фотографии пред и потоа, Јања покажува дека успеала си го врати телото во форма по првата бременост.

Јања

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23723 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.