Симон Гејтли е неверојатно фит мајка на пет деца, чија мисија е да покаже дека децата не се изговор за да не си го дадете телото кое го посакувате.
34-годишната Англичанка вежба двапати на ден, а често во своите тренинзи го вклучува целото семејство, т.е. сопругот, четирите ќерки и синот. Симон се буди во 5 часот наутро и го прави утринскиот тренинг во фитнес сала пред да се разбудат нејзините деца. Таа тврди дека тренинзите не влијаат негативно на нејзиниот семеен живот, туку дека го подобруваат.
„Сакам да им покажам на другите жени дека не мора да живеете во фитнес сала и да дозволите фитнесот да доминира во вашиот живот за да имате рамен стомак и тонирани мускули. Јас понекогаш ги користам моите деца како тежина кога вежбам, нешто кое ним им е многу интересно. Ги ставам на грб кога правам склекови и чучнувања. Полна сум со енергија и дури и со пет деца, успевам да најдам време за себе“ – тврди Гејтли.
Симон сака да ги инспирира другите мајки да се грижат за себе. „Мојот стомак се рашируваше и намалуваше толку многу пати и сè уште имам изразени стомачни мускули и тело од соништата. Сакам да го споделам моето искуство и да им помогнам на други луѓе да направат позитивни промени кај себе. Целото мое семејство има корист од тоа што сум здрава и фит, никогаш не сум се чувствувала толку добро“ – вели Симон.