Почетна » Новости » Занимливости » Фит бабичка: 73-годишна жена си го трансформираше изгледот со фитнес за само три години и стана хит

Фит бабичка: 73-годишна жена си го трансформираше изгледот со фитнес за само три години и стана хит

Џоан МекДоналд е вистинска инспирација. 73-годишната Канаѓанка за само три години си го трансформираше изгледот со фитнес и стана вирален хит, мотивирајќи илјадници лица да се грижат повеќе за своето тело и здравје.

Инспиративната бабичка одлучила да започне да вежба во оној момент кога докторот ѝ соопштил дека доколку продолжи со истиот начин на живот, ќе треба да ја зголеми дозата на лекарства кои ги прима.

Со помош на тренинзите, Џоан симна повеќе од 20 килограми.

Пред три години го започнав ова долго, но бавно патување и сега сфаќам дека нема крај.

Секој ден се движам во насока заснована врз моите избори.

Секој месец е нова пресвртница.

Секоја година сметав дека се променив комплетно и дека не можам повеќе да се менувам, но сепак, можам.

Во овој момент, сфаќам дека навистина немаме граници.

Во секој момент можеме да донесеме одлука за промена.

Без оглед колку е тежок животот и полн со предизвици, ние мора да останеме цврсти во нашата цел и да продолжиме напред.

На почетокот, не можев ни да замислам дека ќе бидам каде што сум денес. Само сакав да си го вратам здравјето и да ги прекинам лекарствата.

Секоја врата во која ќе влезиме нè води во друга, па во друга.

Се надевам дека сите ќе изберете да растете! Да научите да се сакате себеси, да се грижите најдобро за себе и да се осмелите да сонувате и да сакате со целото срце повторно.

Џоан

Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд Џоан МекДоналд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.