Почетна » Новости » Занимливости » Уникатно место: Село во Полска каде сите 6.000 жители живеат на истата улица

Уникатно место: Село во Полска каде сите 6.000 жители живеат на истата улица

Сте знаеле ли дека во Полска постои село со само една улица?

Да, сите 6.000 жители на Сулошова живеат на иста улица, која е долга 9 километри. Неодамна, фотографии од птичја перспектива од уникатното место станаа вирален хит на социјалните мрежи. На нив е прикажано бајковитото место кое од двете страни е опкружено со ниви.

Сулошова Сулошова Сулошова Сулошова

„Тука има одлична смисла за заедница. Имаме Денови на јаготките, кога сите се собираме и вкусуваме нови плодови и имаме жива музика. Имаме и Денови на компирите и го правиме истото. Но, луѓето обожаваат да озборуваат. Секој се познава со секого“ – рекол еден жител.

Сулошова Сулошова Сулошова

Нарекувано и „мала Тоскана“, селото изобилува со природа и е поврзано со Националниот парк „Ојцовски“ и Пиескова Скала каде се наоѓа ренесансен замок на врвот од карпа од 14-тиот век.

Сулошова се наоѓа на 29 километри југозападно од градот Краков. Улицата е една од најдолгите улици во Полска.

Сулошова Сулошова Сулошова Сулошова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.