Додека Австралија се бори со пламените јазици кои се раширија низ целиот континент, артисти ширум светот го изразија своето сочувство преку уметност.
Најголем дел од трогателните цртежи се посветени на милијардата животни кои настрадаа во овој „пекол“.
„Оваа прекрасна планета е место кое сите ние го нарекуваме дом и сè што правиме влијае директно на тоа. Срцето ми се крши од сите овие катастрофи, но исто така ме прави порешителен да го дадам својот придонес. Помалку месо, избирајте мудро, купувајте помалку и поддржувајте ги оние што се грижат за иднината на нашата планета“ – пишува еден од артистите.
Погледнете ги илустрациите: