Пожарите во Австралија направија огромна штета за растителниот и животинскиот свет. Милијарда животни го загубија животот, а оние кои преживеаја, во моментов гладуваат.
Иако условите за живот за нив се катастрофални, Австралијците даваат сè од себе за да им помогнат. Властите од Нов Јужен Велс со помош на хеликоптери и авиони им фрлаат храна на преживеаните животни, во операцијата наречена „Operation Rock Wallaby“.
Досега, од воздух се фрлени повеќе од 2.200 килограми свеж зеленчук.