Бездомник беше пронајден од неговото семејство откако фотографии од негова трансформација станаа хит на интернет.
Жоао Коељо се обедини со својата сестра Марија, која мислела дека е мртов, откако бербер објави фотографии пред и по неговото потстрижување и дотерување. Марија 10 години немала слушнато никакви вести за нејзиниот брат, кој во изминатите 3 години живеел на улица.
Трансформацијата на 45-годишниот бездомник била направена во салонот на Алесандро Лобо, каде покрај берберските услуги се продава и облека и модни додатоци.
„Тој дојде кај нас и го прашавме дали е гладен и дали сака нешто за јадење. Тој одби и нè праша дали имаме брич за да си ја избричи брадата. Тогаш ја добивме идејата и сите кои беа во салонот одлучија да му помогнат на различен начин, овозможувајќи му ден за разубавување“ – рекол Алесандро.
„Одлучивме да му помогнеме, бидејќи тој имаше екстремна потреба од тоа. Со него е спријателивме во изминатите два месеци. Кога ни побара брич, ние одлучивме да ми дадеме целосно доживување“ – додал тој.
„По преобразбата, Жоао ја имаше најслатката реакција. Вистински беше изненаден и многу благодарен. Не зборуваше многу, но неговите солзи беа доволни. Бевме изненадени што видовме дека тој е убав и однадвор, не само однатре“ – велат од салонот.
Но, она што Жоао не го знаел е дека животот му подготвува уште поголемо изненадување. Неговото семејство ги видело фотографиите на интернет и со помош на берберницата се сретна со него.
„Неговата сестра Марија брзо дојде кога ги виде фотографиите. Таа чекаше 10 години да слушне некаква вест за него. Дури мислеше дека тој е мртов“ – објаснил Алесандро.
Жоао сè уште живее на улица и покрај настојувањата на сестра му да живее со неа. Тој рекол дека најслободно се чувствува на улица и дека тоа е причината што не сака да се врати дома.