Емили Скај е една од најпознатите фитнес зависнички, која со документирање на своите тренинзи на Instagram инспирираше илјадници жени ширум светот да ги одржуваат своите тела во топ форма.
32-годишната Австралијка неодамна стана мајка и го покажа големиот стомак по раѓањето на првото дете за да им пренесе важна порака на сите мајки за телото по породувањето.
И покрај сите потешкотии, Скај вежбаше до седмиот месец од бременоста, но и тоа не спречи таа да ја покачи тежината за 21 килограм. Сепак, Емили одлучила да се фокусира на грижата за ќеркичката, наместо да се преокупира со изгледот на телото.
Во порака која Емили ја објави со фотографиите, таа пишува дека иако по породувањето изгледа како да е бремена во шести месец, таа го сака своето тело бидејќи тоа ја израсна нејзината ќеркичка.
„Едвај можам да се препознаам себеси кога ќе се видам во огледало!“
„Далеку сум од „гламурозна мајка“. Моментално живеам во тоа што се нарекуваат „гаќички за баби“, поради конците од епизиотомијата боли кога правам многу работи, а доењето е исклучително болно – немав претстава дека ќе биде толку лошо! Грбот сè уште ме боли и кога чекорам, буквално чувствувам дека внатрешните органи ќе ми испаднат. Исто така, стомачните мускули ми беа три прсти раздалечени еден ден по породувањето.“
„Мојата бременост не беше онаква каква што очекував да биде. Мислев дека ќе вежбам регуларно во текот на целата бременост, но тоа не се случи бидејќи ми се гадеше голем дел од времето и имав болки во грбот, па ми беше тешко дури и кога одев низ дома. Завршив покачувајќи 21 килограм за време на бременоста во масти, течност, бебе, плацента итн.“
„Многу луѓе ми кажуваа дека ќе се вратам во форма веднаш по породувањето, како што е случајот со многу фит жени. Па, тоа не беше случајот со мене. Поминаа само 5 дена по раѓањето на Миа и јас изгледам како да сум околу 6-ти месец бремена. Можам да кажам дека ќе треба да вежбам многу напорно за да станам повторно фит и силна, што знам дека можам да го направам, но моментално не ми е приоритет – приоритет ми е минување време со мојата ќеркичка. Враќањето на телото може да почека. Ќе го направам тоа во релистична временска рамка и одбивам да си вршам притисок што побрзо да стигнам таму.“
„Многу сум благословена и пресреќна што ја донесов Миа денес дома. Исполнета сум. Ја гледам и почнувам да плачам поради огромната љубов која ја имам за неа и толку многу си го сакам телото, бидејќи ја израсна оваа мала сакапоцена личност“ – стои во описот.
Погледнете како изгледаше Емили пред бременоста.