Почетна » Новости » Занимливости » „Те сакам и ќе бидам со тебе до крај“: Момче си ја избричи главата во знак на поддршка за татко му болен од рак

„Те сакам и ќе бидам со тебе до крај“: Момче си ја избричи главата во знак на поддршка за татко му болен од рак

Момче со емотивен гест му покажа на татко си дека не е сам во битката со ракот и дека секогаш ќе биде покрај него.

Александер од Бразил му ја избричи главата на болниот татко кој прима хемотерапии, а потоа си ја избричи и својата глава. Моментот бил снимен, а видеото расолзи илјадници лица низ светот. Се разбира, и таткото на Александер не остана рамнодушен на овој гест.

Пред три месеци, семејството дознало дека ракот има метастазирано од белите дробови кон колкот и оттогаш тие имале многу предизвици кои ги надминувале заедно.

„Ти благодарам што си толку неверојатен татко. Како што велат: ‘Каков татко, таков син’. Сега сме еднакви... Двајца згодни момци. Те сакам и ќе бидам со тебе до крај и наскоро нештата ќе се вратат во нормала“ – пишува Александер.

Татко и син

Подоцна, тој објави фотографија на која се гледа дека и други членови од семејството го следеле неговиот пример.

„Ќелавиот тим е формиран. Те сакаме“ – напиша Александер.

Татко и син

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 21638 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.