Почетна » Новости » Занимливости » „Твоето бебе не е како ниту едно друго бебе. Престани да го споредуваш“: Блогерка со важна порака за мајките

„Твоето бебе не е како ниту едно друго бебе. Престани да го споредуваш“: Блогерка со важна порака за мајките

Блогерка со краток текст испраќа важна порака до мајките.

Даниела Шерман-Лазар им порачува на родителите да не ги споредуваат нивните бебиња со другите, да престанат да следат строго определени правила од книгите и да се фокусираат на запознавање на нивниот карактер.

„Секое бебе е различно и единствено“ – порачува таа.

Мајка

Твоето бебе не е како останатите бебиња.

Твоето бебе не е како нејзиното бебе,
како бебето на твојата пријателка кое спиеше цела ноќ од шестата недела, или како бебето на твојата прва братучетка кое сакаше да го нишкаат додека да заспие со „бела врева“ во позадина.

Твоето бебе нема да направи нешто само затоа што „така треба“.
Тоа нема да јаде грашок само затоа што „би требало“ да се храни здраво или да лази до 9 месеци само затоа што „би требало“ да го прави тоа.

Твоето бебе нема да се однесува исто тако што ти кажуваат книгите.
Тоа нема да стои секојпат мирно во кругот кога ќе му се каже така на часовите по музичко или физичко, или пак, да те слуша затоа што ти ги следиш сите чекори од книгите кои ги читаш за дисциплинирање деца.

Твоето бебе е едно и единствено такво кое некогаш ќе постои.
Научи што му се допаѓа, што го насмевнува, која е неговата омилена храна, што е она што го смирува.

Треба да создадеш живот каде твоите деца ќе се чувствуваат безбедно и сакано, а останатото зависи од тебе.

Не треба да ги следиш правилата.
Ти, како родител, си експертот.

Бидејќи твоето бебе не е како ниту едно друго бебе.
Затоа, остави ги книгите. Престани да играш игри со споредувања и запознај го твоето бебе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.