Многу од нас чуваат слатки спомени во себе од едно детство кое никогаш повеќе нема да се врати. Од детство во кое немаше место за смартфони и таблети, бидејќи доволни беа предметите од секојдневието и природата за да се направи врвна забава.
Криенка, тепачки со перници, качување на дрво, создавање сенки на ѕидот, глумење, набљудување на ѕвездите... Артист од Иран преку илустрации ги покажува спомените од неговото детство и буди носталгија кај публиката.
Минатата година, Али Мири ги објави своите цртежи во книгата „Старите добри времиња: Слики од нашите спомени“. Погледнете дел од нив: