Најтешката животна битка засекогаш ги поврза Вивиен Игл и Кејд Томпсон. Тинејџерите од Индијанаполис се запознаа борејќи се со истиот рак на коските, а сега беа партнери за матурата и си поминаа магично.
17-годишната девојка и 18-годишното момче извојуваа победа над остеосаркомот и ветија дека ќе останат пријатели засекогаш.
Имено, Вивиен ја добила својата дијагноза во 2022 година, додека Кејд својата борба ја започнал во 2020 година. Претходно, и двајцата биле спортисти и ракот започнал да им се шири речиси од истото место на левата нога.
Поддршката која си ја даваат еден на друг е бесценета.
Вивиен носеше жолт фустан, а и двајцата носеа жолти рози, бидејќи тоа е бојата за подигнување на свеста за остеосаркомот.
„Беше магично и ме направи многу среќна. Се почувавував како да сум во сон. Комплетно заборавив на сè. Повторно се почувствував како нормална тинејџерка“ – изјавила Вивиен.
„Таа го заслужи ова. И двајцата минавме низ многу нешта. Ме усреќуваше тоа што ја гледав среќна“ – рекол Кејд.
Тој на прекрасен начин ја покани Вивиен да му биде партнерка. „Во нашето патување бевме ‘Убавицата и Ѕверот... Ги совладавме нашите стравови и победивме во нашите битки. Сега е време ти да бидеш Убавицата на балот“ – стои на пораките.