Фотографија од бабичка која продава цвеќиња во Скопје инстантно се распространи на социјалните мрежи, а стана хит поради приказната која се крие зад неа.
На Facebook, фотографијата ја сподели Димитар Ангелкоски и во описот појасни дека старицата понекогаш цел ден седи на улица за да заработи само 200 денари, а сепак е ведра и позитивна.
Прочитајте го неговиот пост:
Ја прашувам, колку ти се цвеќињава бабо?
- Малите 50 денари, големите 100 денари.
И викам, дај ми едно големо и ѝ давам 200 денари. Не треба кусур бабо.
- Ама синко многу ми даваш, јас некогаш цел ден седам тука за 200 денари.
Ајде сега да те сликам и ќе напишам и други да си купат цвеќе насабајле од кај тебе на Партизанска.
- Чекај да ја извадам маскава, убава да бидам.
... Среќата ја прават малите нешта