Џејн Авис зрачи со позитивност и ведрина која инстантно освојува. 94-годишната Американка се има изборено со рак и КОВИД-19 и продолжува да го живее животот со полни гради.
„Јас сум млада 94 години, имам 4 прекрасни деца + 6 неверојатни внуци. По рак, скршени коски и Ковид-19, јас сум спремна за рок енд рол“ – пишува во описот на нејзиниот профил на Instagram.
Џејн поседува и уникатен стил невообичаен за жени на нејзина возраст.