Косата е важен дел од надворешниот изглед. Ретко која жена се осмелува да има кратка фризура, бидејќи најчесто долгите прамени се сметаат за привлечни.
Кристина Кацабина се стреми да го промени тоа. Таа сака да им покаже на жените дека токму кратките фризури можат да им ја отскријат убавината и да им го променат животот.
„Долго време носам кратки фризури. Кога првпат си ја скратив косата, ми се промени животот. Сфатив дека кратката коса е комфор, стил, секси и убава. Кога учев за да станам фризерка, знаев дека сакам да им покажам на жените колку среќно можат да живеат со кратка коса, како таа може да им го промени животот, да им ја отскрие убавината, да ги направи впечатливи и убави“ – вели таа.
Погледнете дел од нејзините трансформации: