Фотографот Мартин Грегус направи прекрасни фотографии од семејство поларни мечки во Канада, а неговите дела деновиве се распространуваат на интернет.
26-годишниот Канаѓанец, кој по потекло е од Братислава, вели дека тоа е искуство кое нема да го заборави никогаш во животот. На Мартин и неговиот тим му биле потребни 33 дена за да ги овековечи овие моменти во близина на Черчил (Манитоба).
„Беше прекрасно, но тешко патување. Потребни беа 33 дена за да се направат овие фотографии. Мечките се опасни, но те оставаат да бидеш таму и избираат да бидат нежни, отворајќи го малку нивниот живот во ваше присуство. Тоа е неверојатно, особено кога мајките ги дојат нивните младенчиња“ – изјавил тој.
Фотографиите биле направени во летниот период, а „уловени“ се релаксирани моменти на поларните мечки.