Поларни мечиња кои првпат излегуваат на снег со мајка си во Канада ќе ве освојат со својата неодоливост.
Мајките мечки ги изнесуваат своите малечки надвор од пештерите на околу 3-месечна возраст за да ги научат да ловат и да преживуваат на Арктикот.
Фотографиите ги направи Винс Бартон.
„Мечињата се многу мали, па треба да застануваат често за да се одморат. Мајката ги топли и штити додека тие се одмараат. Беше огромна привилегија да се биде во близина на толку неверојатни животни. Навистина би било ужасно доколку продолжиме по сегашниот пат на уништување на планетата и ако овие, заедно со други прекрасни суштества, бидат уништени во дивината“ – изјавил фотографот.