За да му се заблагодари на медицинскиот персонал за неуморната работа во изминатите месеци, Роузи Дамер направи торта висока 180 сантиметри.
53-годишната мајка на 4 деца цели две недели работела по 16 часа дневно за да ја создаде тортата во форма на Дедо Мраз и медицинска сестра кои се прегрнуваат. Чоколадното дело подарено на вработените во „Royal Bolton Hospital“ тежи 190 килограми и содржи 360.000 калории.
„Оваа година беше многу чудна и тешка за сите, но медицинските лица се апсолутни херои во сето ова. Мислам дека е важно да се потсетиме себеси на сè што направија и да им се заблагодариме. Тортата ја нарековме ‘Прегратка за Божиќ’ и мислам дека се однесува на сите нас. Мислам дека сите имаме потреба од прегратка. Во саботата ѝ беше роденден на мајка ми и си помислив колку би било убаво да можев да ја гушнам.“
„Мислам дека сите понекогаш се чувствуваме беспомошно, бидејќи не можеме директно да им помогнеме на медицинските сестри и болничкиот персонал. Затоа сакам да им помогнам на единствениот начин на кој умеам – со моето време и со малку глазура“ – рекла Роузи.
Тортата „A hug for Christmas“ била направена за емисијата „Amazing Cakes and Bakes“ на барање на Channel 5.