Стотици часови труд, трпение и одлични вештини на една жена биле потребни за да се направи оваа венчаница, но интересно е фактот што таа нема да биде носена од ниту една невеста.
Невестинскиот фустан кој остава без здив всушност е торта направена од вештите раце на Ема Џејн, а е слатка копија на фустанот „Angela“ од високата мода на дизајнерот Мак Туманг.
Слаткото задоволство беше претставено на изложбата „Wedding Gowns Through the Decases“, на меѓународниот натпревар за торти во Лондон.
Доколку некоја невеста избере вака да изгледа нејзината свадбена торта има можност да блесне во идентична венчаница за најважниот ден од својот живот, избирајќи го модното дело на талентираниот Мак. Погледнете како изгледа вистинскиот фустан: