Мал бушавко стана интернет хит со бујната коса. Иако има само 4 месеци, Бостон може да се пофали со неверојатно густа и долга коса.
Неговата мајка Тара непрекинато добива позитивни коментари.
Гордата Австралијка сподели дека обичните бебешки производи не се доволно добри за нега на косата на Бостон. „Бебешките шампони не успеваат да му ја измијат добро зашто е многу густа, па користам природен шампон за возрасни“ - изјави таа.