Каква е поврзаноста помеѓу здравјето на вработените и профитабилноста на компанијата?
Дали намалената физичка активност на тимот има некакво влијание врз успехот на компанијата?
Зошто вработените со послабо здравје се и закана за корпоративниот свет?
Здравствените проблеми водат до намалена продуктивност
За жал, во денешниов корпоративен свет, поврзаноста помеѓу здравјето на вработените и профитабилноста на компанијата често се занемарува.
Статистиката покажува дека кога еден вработен има здравствени проблеми, значајно му се намалува продуктивноста на работа. Како последица на тоа, опаѓа неговиот фокус и тоа во просек ја чини компанијата 1685 долари годишно.
Лошата здравствена состојба води до отсуства од работа, постојано отворање на боледувања или, пак, намалена мотивација кај вработените на коишто целиот фокус им е свртен кон своето здравје, а не кон работата.
На овој начин, индиректно, самите компаниите го носат товарот за своите вработени што имаат послабо здравје.
Најголемиот предизвик - отсуство од работа поради здравствени причини
Отсуството од работа носи финансиски импликации што не смеат да се занемарат.
Статистиката покажува дека загубите во продуктивност поврзани со отсуство од работа ги чинат работодавците дури 225,8 милијарди долари годишно (во САД).
Отсуството на вработените влијае на профитабилноста на бизнисите на неколку начини:
- Плаќање за дневница на лица што земаат слободен ден од работа поради здравствени причини
- Покривање на дел од дневницата при боледување
- Ангажирање на привремени работници
- Обезбедување средства за прекувремена работа на други вработени
Дополнително, отсуствата на вработените можат да го наруши работниот тек и динамиката на тимот, што доведува до намалена севкупна продуктивност.
Долгото седење пред компјутер како ризик за хронички болести
Сите сме свесни колку долгите часови седење пред компјутер има негативни последици врз нашиот грб и врат.
Но, дали знаете дека постојаното работење во седечка положба го зголемува и ризикот од хронични болести, вклучувајќи дебелина, кардиоваскуларни болести и одредени видови на рак?
Особено на ризик се вработените што немаат никаква физичка активност. Токму нивната намалена продуктивност резултира и со најголеми трошоци на работодавците.
Седечката положба влијае и врз менталната благосостојба, зголемувајќи го ризикот од анксиозност и депресија.
Токму лошото ментално здравје кај вработените придонесува и за намалена мотивација, помал ангажман и севкупни работни перформанси, со што на удар е успехот и профитабилноста на една компанија.
Каква улога има физичката активност во зголемување на продуктивноста и среќата на вработените?
Подобрување на расположението, намалување на чувствата на депресија, анксиозност и стрес, намалување на телесната тежина, градењето и одржувањето на силни коски и мускули, намалување на ризикот од хронични заболувања се само дел од добро познатите придобивки на редовното вежбање.
И самите бројки го потврдуваат позитивниот импакт што го има физичката активност во рамки на една компанија:
Придобивките од физичката активност врз вработените се повеќе од јасни.
Прашањето е: Дали Вашата компанија има стратегија за подобрување на здравјето на своите вработени?
Токму на оваа тема, изготвивме детален водич што дава една комплетна слика за потребата од воведување на велнес програми што драстично ќе ги подобрат физичката и ментална благосостојба на Вашите вработени, а тоа секако, позитивно ќе се рефлектира врз профитабилноста на компанијата.
Симни го водичот на ОВОЈ ЛИНК.
Комерцијален текст