Некои луѓе навистина можат да ни ја вратат вербата во човештвото и да ни докажат дека посакуваните промени треба да ги започнуваме од себеси. Таков е Стјуарт Квејн, ветеринар кој ги обиколува улиците на Калифорнија и ги лекува милениците на бездомните лица – бесплатно.
Стјуарт е ветеринар повеќе од 20 години и секогаш кога има слободно време, тој ги посетува лицата кои најмногу имаат потреба од помош и им помага на нивните животни. Трошоците за лекови и храна тој ги покрива од свој џеб, но неодамна започна и кампања за собирање на средства за поскапите интервенции, како што се операции од специјалисти.
Тој вели дека научил многу повеќе од луѓето на улица отколку што тие можеле да научат од него. „И бездомните лица се луѓе. Работејќи на улица, искусив некои од најискрените приказни за љубовта, сочувството, борбата и надежта. Тоа ми го промени животот и ме инспирираше“ – вели тој.
„И најмалата помош може да направи голема разлика“ – додава Стјуарт.