Девојче родено без раце доби кученце без една шепа за да не се чувствува осамено и да знае дека во светот има и други на кои им недостигаат горни екстремитети.
2-годишната Ајви и кученцето Лаки сега се најдобри другарчиња.
Нејзината мајка Ванеса била во 19-тата недела од бременоста кога докторите увиделе дека бебето нема да има раце, па ја советувале да ја прекине бременоста.
„Тешко ми е кога ќе помислам дека ако ги послушавме докторите, таа немаше да биде тука. Сакам сè што е различно кај неа, па ги охрабрувам луѓето да не гледаат на недостатоците како на нешто тажно или жално, туку како нешто што треба да се слави“ – вели мајката.