Маж разнежи многу срца со неговата реакција кога ја здогледа саканата на свадбата.
Сентименталниот младоженец не можеше да си ги задржи солзите додека невестата чекореше кон него.
„Ова е реакцијата на мојот сопруг додека јас чекорев кон олтарот минатата недела. Секоја жена заслужува ваква реакција.“
„Ние и двајцата неодамна излеговме од врски во кои бевме изневерувани од партнерите и ниту еден од нас не бараше ништо друго освен пријателство и добро срце. Една недела пред да го запознам Конор, плачев и му се молев на Бог да ми испрати личност која смета дека е вистинската за мене“ – вели среќната невеста.