Сентиментален младоженец, кој не можел да си ги задржи солзите додека неговата сакана чекорела кон олтарот, топи срца низ светот.
Во видеото, кое е хит на Facebook, Вил Цезар започнува да плаче кога ќе ја види својата сакана избраничка Линдзи. „Се надевам дека еден ден ќе најдам маж кој ќе ме гледа на начинот на кој Вил Цезар ја гледа Линдзи“ – пишува во описот на видеото, кое има речиси 8,5 илјади коментари.
„Од мала сонувам за овој ден. Денес се мажам за мојот најдобар пријател Вил Цезар. Ќе биде совршено. Се гледаме на олтарот“ – напиша среќната невеста пред церемонијата.
One day I hope to find a man that looks at me the way Will Ceaser looks at Lindsey Whitehead. #thesearchhasceasedIf this video touched you, please send to Ellen DeGeneres! They are two of the most beautiful, loving people I have ever known. Let's show people what love really looks like.
Posted by Alyssa Hudson on недела, 6 декември 2015
Вил сакал да стапи во брак со својата сакана многу порано, но Линдзи сонувала за божиќна свадба, па романтичниот младенец ѝ ја исполнил желбата.