Почетна » Новости » Занимливости » Рози во боите на виножитото

Рози во боите на виножитото

Розите се меѓу омилените цвеќиња на повеќето луѓе, а особено на жените. Нема жена којашто не посакува постојано да добива на подарок рози како знак на љубов или благодарност.

Црвени, бели, розови... ги има во повеќе бои. Но, веќе постојат и шарени. Розите наречени виножито рози или среќни рози имаат цвет обоен во боите на виножитото.

Виножито розиРози обоени во боите на виножитото.

На почетокот овие рози се крем боја, но нивниот цвет подоцна со помош на специјален процес се обојува со боја за храна. Како се прави тоа, знае само нивниот креатор Питер Ван Де Веркен, кој купува рози, ги бојадисува и повторно ги враќа за продажба.

Повеќе од милион вакви рози веќе се продадени во текот на една година, главно во Јапонија, Шведска и Италија, а сега веќе се достапни и во Велика Британија.

Овие рози се сметаат за луксузен подарок, а цената на една од нив во Англија изнесува околу 1800 денари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20784 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.