Почетна » Новости » Занимливости » Првите сини рози „Applause“

Првите сини рози „Applause“

Сини розиПрвите сини рози ќе се продаваат во Јапонија

Јапонската компанија Suntory на 3 ноември ќе започне со продажба на првите генетски модифицирани сини рози. Овие рози ќе се продаваат под името „Applause“, а се препорачуваат како луксузен подарок за специјални поводи.

Компанијата одговорна за создавањето на овие луксузни рози успеала да направи сини рози уште во 2004г., во соработка со австралиската компанија Florigene. Тоа било огромно постигнување, затоа што природните рози немаат син пигмент (делфинидин) и до тој момент сините рози биле синоним на невозможното. Производството на екстравагантните рози е одобрено од јапонската влада во 2008г.

Освен уникатен изглед, сините ружи имаат и своја елегантна и свежа миризба. Овој незаборавен подарок чини многу повеќе од обичните рози. Цената се очекува да се движи од 2000 до 3000 јени (22-33 долари).

Иако бојата не е точно сина, розите изгледаат прекрасно, уникатно и се очекува да станат хит најпрво во Јапонија, а потоа низ цел свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.