Почетна » Новости » Занимливости » Родители на три деца заедно си го трансформираа изгледот, мајката ослабе 35 кг и инспирира на Instagram

Родители на три деца заедно си го трансформираа изгледот, мајката ослабе 35 кг и инспирира на Instagram

Родители на три деца заедно си го променија начинот на живот и си го трансформираа изгледот.

Наташа Персон веќе една година наназад напорно тренира и се храни здраво за да го намали вишокот на килограми добиен по раѓањето на третото дете. Сепак, најголемата трансформација за неа дошла кога со сопругот Дејвид одлучиле заедно да следат предизвик од TikTok.

Откако нивни пријатели им кажале дека заедно го завршиле предизвикот „75 Hard“ кој е популарен на социјалната мрежа, двајцата партнери одлучиле да му дадат шанса.

Еве ги нивните резултати од 75-дневниот предизвик:

Наташа Персон
@natashapehrson

##weightlosscheck ##weightlosstransformation ##weightlossbeforeandafter ##beforeandafterweightloss ##couplegoals ##75hard ##75hardchallenge ##75hardresults

♬ abcdefu - GAYLE

По раѓањето на третото дете, Наташа знаела дека мора да направи промени во начинот на живот, бидејќи качила 45 килограми. Од јануари 2021 година досега таа има намалено 35 килограми преку здрава исхрана, пешачење и напорни тренинзи.

Сега, инспиративната жена се обидува да мотивира што повеќе луѓе да го следат нејзиниот пример.

Наташа Персон Наташа Персон Наташа Персон

„Изгледа невозможно. Но, ако се фокусирате да слабеете килограм по килограм, ќе си ја постигнете целта пред да се свестите“ – советува таа.

Наташа пие најмалку 4 литри вода дневно, тренира 45 минути и се труди да има 10.000 чекори дневно. Таа не брои калории, но се придржува кон нејзиниот план за исхрана.

„Она што многу луѓе го пропуштаат е дека мора да бидете истрајни. Слабеењето не се случува преку ноќ“ – вели таа.

@natashapehrson

##weightlosscheck ##weightlosstransformation ##postpartumtransformation ##weightlossbeforeandafter ##weightlossbeforeandduring ##beforeandafterweightloss

♬ 100 Bad Days - AJR
Наташа Персон Наташа Персон Наташа Персон

Наташа гордо го носи вишокот на кожа на стомакот и вели дека тоа е нешто со кое се гордее.

„Постојано слушам дека луѓето се плашат да ослабат зашто знаат дека ќе имаат висната кожа. Еве го моето прашање: Имате две опции, или да останете со прекумерна тежина или да се помирите со вишокот кожа. Не постои трета опција. Дали навистина се плашите од вишокот кожа? Бидејќи јас побрзо ќе го изберам тоа отколку 36-те екстра килограми кои порано ги носев на мене. Додека другите можеби го гледаат мојот стомак како нешто грозно или како маана... јас го обожавам“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.