Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Битола, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците. Со реновирањето, Телеком продавницата во Битола доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот.

Освен во Битола, Македонски Телеком вчера ја отвори и реновираната продавница во Кочани. Реновираните Телеком продавници во Битола и Кочани овозможуваат одличен преглед на понудата и нудат нов продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на компанијата.

Наскоро, Македонски Телеком ќе го заокружи процесот на реновирање на продавниците ширум државата којшто започна кон средината на летото. Досега реновирани се вкупно 14 продавници и со преуредувањето, освен што естетски се обезбедува нов изглед, интерактивниот концепт на Телеком продажните салони дополнително овозможуваат единствено корисничко искуство.