Преселувањата се многу тешки и особено влијаат врз развојот на децата. Малиот Демиен од Канада се чувствувал многу осамен откако заедно со семејството се отселиле во нов град.
Тој тагувал бидејќи знаел дека во новото соседство нема другарчиња со кои би можел да го прослави својот 9-ти роденден. Откако неговите родители дознале за тоа, испратиле порака со апел – секој што е во можност, да му испрати роденденска порака или честитка. „Се чувствуваме виновни што го оттргнавме од другарчињата“ – велат тие.
Овој повик се распростани насекаде и момчето прими стотици честитки од целиот свет. Но, најубавата пристигна од Рајан Рејнолдс, кој го глуми неговиот омилен антихерој Дедпул.
Погледнете ја видео-пораката:
„Многу сме благодарни што толку брзо светот се обедини за Демиен. Во ова време, кога светот е толку поделен, луѓето толку брзо се здружија за некој што не ни го познаваат“ – велат родителите.
Демиен доби и торта со ликот на Дедпул, како подарок од локална слаткарница.
Absolutely beautiful reveal!
Posted by Damiens birthday project on Tuesday, November 24, 2020