Малите танчари од „Eat The Beat“ разиграно ја испратија 2020 година.
Веселите деца снимија новогодишно видео во кое танцуваат на „Doggy Dogg Christmas“ од Снуп Дог и „Oh Santa!“ од Мараја Кери, Аријана Гранде и Џенифер Хадсон.
„И покрај сите предизвици ја завршуваме 2020та година среќни и разиграни, со желба 2021та година да ни донесе многу здравје среќа и безброј настапи на танцовиот подиум. Овие деца се херои, бидејќи не се откажаа кога беше најтешко и сме благодарни за сите прекрасни моменти поминати заедно. Огромна благодарност до родителите на децата за посветеноста и поддршката.“
„Среќна нова 2021ва година. Уживајте во нашето новогодишно танц видео“ – пишуваат од студиото во описот.