Танчерите од Eat The Beat од Скопје остварија неверојатен резултат на Светското првенство во Латино и Синхро кое се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.
По пауза од една година, тие повторно ја освоија титулата Светски шампиони во детска категорија. Покрај оваа титула, тие освоија уште две значителни награди:
- 3-то место, бронзен медал во Синхро Денс, детска категорија и
- 4-то место, во Латино Шоy, возрасна категорија - најмасовната и најсилна конкуренција во оваа танцова дисциплина.
Станува збор за членови на Македонската Асоцијација за Модерни Танци која реди успеси на Светското првенство. Покрај Eat the Beat, Македонија ја претставуваат и танчерите на Expose од Битола. Двата клуба имаат 5 пласмани на пиедесталот, но во детска категорија, повеќе од заслужено ја понесоа титулата Светски шампиони, оставајќи ги Италија и Србија на второто, односно третото место.