Почетна » Новости » Занимливости » „Пријателите доаѓаат и си одат, но мајка ми е секогаш тука“

„Пријателите доаѓаат и си одат, но мајка ми е секогаш тука“

Авторката Даниела Шерман-Лазар напиша текст кој допира до секого.

Талентираната Американка опишува колку е важна улогата на мајката во животот на детето и дека таа е секогаш тука за нас.

мајка и ќерка

Прочитајте го текстот:

И покрај тоа што јас сум мајка, мојата мајка сè уште е личноста кај која што одам.

Одам кај неа кога ќе се случи нешто убаво. Таа е првата личност на која сакам да ѝ се јавам кога имам мали или големи вести.

Одам кај неа кога ми треба рамо за плачење.

Се јавувам кај неа кога сум сама во автомобилот, за да поразговараме за сè, или пак за ништо.

Одам кај неа за да ги прославам успесите, бидејќи знам дека таа слави со мене.

Одам кај неа за утеха, бидејќи нејзиниот глас понекогаш е единственото нешто на светот кое може да направи сè да изгледа во ред.

Одам кај неа за совет и таа ми помага да пронајдам насока.

Одам кај неа кога некое од моите деца има тежок ден и мене ми треба издувен вентил.

Пријателите доаѓаат и си одат. Се иселуваат. Се оддалечуваме. Тие исчезнуваат.

Но, мајка ми секогаш е тука.

Тоа што имам толку прекрасна мајка ми покажа дека секогаш ќе имам личност која ќе биде тука за мене, независно колку тежок може да биде животот.

И се надевам дека јас ќе бидам таа личност за моите деца.

Личноста кај која тие ќе можат да се одморат од нивните грижи.

Бидејќи знаат дека мојата љубов е константна за тие да можат да прават грешки и да прераснат во луѓето кои треба да станат.

И независно колкави се, тие секогаш ќе можат да се вратат кај мене.

Бидејќи сакам да бидам личноста кај која моите деца ќе одат,

СЕКОГАШ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21649 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.